За случаите со двете директорки, МВР постапило и воопшто не чекало да се изјасни Државната комисија за спречување на корупцијата туку реагирале.
МВР и Тошковски и во случајот со Христовски треба да реагира на истиот начин. Fokus
Освен сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ, Бојан Христовски, за којшто медиуми и во Македонија и во Бугарија покажаа дека е фалсификат, Обвинителството треба да го истражи и стажот. Kanal5
Инаку лице кое нема сертификат за определен степен на доверливост (државна тајна, строго доверливо или доверливо) не смее да добие никакви информации од содржина на такви документи, со што и овој начин на прераскажување на државни тајни е основа за гонење за сторено кривично дело.
Безбедносната проверка на Христовски во самата АНБ која ја раководи и издавањето на сертификатот во Дирекцијата за безбедност за класифицирани информации може да бидат нов доказ и за постапките во Антикорупциска комисија, Обвинителството и МВР. Telma