Освен сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ, Бојан Христовски, за којшто медиуми и во Македонија и во Бугарија покажаа дека е фалсификат, Обвинителството треба да го истражи и стажот, велат од СДСМ. Press24
За случаите со двете директорки, МВР постапило и воопшто не чекало да се изјасни Државната комисија за спречување на корупцијата туку реагирале.
МВР и Тошковски и во случајот со Христовски треба да реагира на истиот начин. Fokus
Инаку лице кое нема сертификат за определен степен на доверливост (државна тајна, строго доверливо или доверливо) не смее да добие никакви информации од содржина на такви документи, со што и овој начин на прераскажување на државни тајни е основа за гонење за сторено кривично дело.
Безбедносната проверка на Христовски во самата АНБ која ја раководи и издавањето на сертификатот во Дирекцијата за безбедност за класифицирани информации може да бидат нов доказ и за постапките во Антикорупциска комисија, Обвинителството и МВР. Telma