Бугарската агенција објави и документ за кој тврди дека е декларација потпишана од Божиновска.
Ова беше тема и на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања на кои премиерот Христијан Мицкоски рече дека Божиновска е поголема Македонка од сите. Libertas
ДРАГАН МИШЕВ Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, кој од собраниската говорница го праша дали знаел дека министерката Сања Божиновска своерачно потпишала дека имала бугарска самосвест, како по обичај, избегнувајќи директен одговор на поставеното прашање, ја прогласи министерката Божиновска за поголема Македонка од сите нив (пратеници на СДСМ) заедно. Civilmedia
„Тоа што министерката Сања Божиновска е дел од владата е привилегија, бидејќи тоа што таа го има направено на професионален план во енергетиката вие не можете ниту да сонувате.
Јас ви гарантирам дека Сања Божиновска е многу поголема Македонка од вас сите заедно. Faktor