Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прашање на новинарите дали треба преку Буџетот да се субвенционираат каматните стапки за бизнисот во однос на кредитот од Унгарија нагласи дека не може да го сокрие неговото разочарување бидејќи очекувал сите заедно, како што рече, да работиме за интересот на државата и на граѓаните и секој да понесе дел од одговорноста. Netpress
Мораме заедно да го поделиме тој ризик, тоа беше суштината.
Но, ние како Влада мораме да напривме се што е во наша моќ, да ја направиме економијата поконкурентна и да обезбедиме повеќе инвестиции, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по извршениот надзор на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д. Republika
Не можам а да не го сокријам моето разочарување.
Очекував сите заедно да работиме за интересот и на државата и на граѓаните и секој да поднесе дел од одговорноста. Denesen
Преку добар бизнис и здрава економска средина, дециден е Мицкоски, и граѓаните имаат бенефит, сите имаме бенефит и ние треба се да направиме тоа да се случи.
Се што е во наша моќ како Влада, истакна, треба да нарпавиме да се случи. Denesen