Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се!, напиша претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук профил како одговор на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година. Libertas
Вака лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, му одговори на премирот Христијан Мицкоски кој денеска изјави дека Демократската унија за интеграција не сака да биде во опозиција оти е исплашена поради одлучноста на Владата за борба против криминалот и корупцијата.
„Не бараме учество во Владата за да избегаме од каква било измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на суверенот, да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската Унија, за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, процесот на приватизација, како и меѓународно мониторирана неселективна правда“, Лидерот на опозициската ДУИ додава оти неговата партија добивала апсолутна поддршка од граѓаните на сите изборни процеси од 2002 година наваму, вклучувајќи ги и последните избори одржани в мај годинава. 360stepeni