Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе се подготвуваме.
Пораката од премиерот Мицкоски беше по барање од новинарите за коментар на изјавите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека е подготвен за предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомвгри идната година. Skopjeinfo
Најјасен пример е заминувањето на шефот на урбаниот криминал и слуга на коцкарската индустрија, Изет “Мегавин” Меџити, кој сфати дека неговите криминални активности немаат простор и повеќе не можат да просперираат во ДУИ бидејќи не би го преминале партискиот и државниот ветинг.
Ова е доказ за нашата посветеност за чистење и зајакнување на нашите редови за заштита на интересите на граѓаните и обезбедување чиста и чесна политика. Republika
На барањето на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, заедно со локалните избори наредната година да се одржат и парламентарни, му одговори првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити. Denesen
Во писменото соопштение испратено од партијата на Ахмети, оттаму не го коментираат повикот на „Вреди“ партисиот лидер да депонира писмена гаранција дека ќе се повлече од политиката доколку изгуби на евентуалните предвремени парламентарни избори.
Повторно повикуваат на одржување на избори, велејќи дека со нив ќе се запре, како што велат, пандемијата на лаги, неуспеси и понижување на Албанците од страна на „Вреди“ Демократската унија за интеграција се реформираше со заминувањето на шефот на урбаниот криминал и слуга на коцкарската индустрија Изет „Мегавин“ Меџити, велат од опозициската ДУИ како коментар на повикот за реформи во партијата, наместо охрабрување за избори, што утринава ѝ го упатија од владејачката „Вреди“. Libertas