Nezavisen
Како резултат на изборните победи низ годините, посочува, бевме во владини коалиции заедно со СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, но и со Алијансата за Албанците, Беса, Алтернатива, ДПА, додека другите експоненти беа дел од нашата одговорност во овие 22 години, во нашите заеднички коалиции.
Заедно ги делевме обврските, сработеното и нестореното, објави Ахмети, додавајаќи дека ДУИ не ги смениле ставовите, туку сите други ги смениле позициите во зависност од околностите, како што пишува, дали се со нас во коалицијата или не. – Затоа, не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на суверенот, да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската унија, за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, процесот на приватизација, како и меѓународно мониторирана неселективна правда, напиша на фејсбук Ахмети. Nezavisen