Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Biznisvesti
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ, со кој, според предлагачот, ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари. Novamakedonija
Со предлог Законското решение на СДСМ се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти.
Бидејќи учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари значително ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети. Kanal5
Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните, обвини СДСМ. Fokus
Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари.
Тоа е резултатот на погрешните економски политики на Мицкоски и ДПМНЕ. Netpress
Стојаноски посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да поддржи едно вакво законско решение, бидејќи продолжува дневно политичко препукување со економски теми од истите луѓе кои што ја донесоа Македонија во ваква девастирана економска состојба.
Ваквите законско решенија не придонесуваат за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, туку за креирање на дневно политички теми, преку законски решенија полни со технички грешки, кои што потоа се поправаат на наредните прес-конференции, проследени со извинување. Netpress
Подготвени сме да одиме на избори од денеска натаму.
Во секој следен циклус на избори ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно, посочи денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање во однос на најавата за предвремени парламентарни избори. Biznisvesti
Го повикувам Венко Филипче со неговата пратеничка група, денес да почнат да го разгледаат буџетот кој што треба да влезе во собраниска процедура и да ја закажат собраниската расправа, да не бегаат од собраниска расправа.
Да ги видат ставките за покачувањето на пензиите, за покачувањето на платите, за капитални инвестиции. Mk
Граѓаните не се задоволни и од животниот стандард.
Што се однесува на СДСМ, ние сме спремни да одиме на какви било избори, од денеска па натаму. Kajgana
Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња и затоа СДСМ ќе поднесе законско решение за вистинско намалување на цените.
Ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените. Kanal5
Да дадат амандмани кои што ќе бидат сериозни и кои што ќе може да се поддржат.
На тој начин најдобро може да придонесат за подигнување на стандардот на граѓаните. Plusinfo
Предлог-законот го претстави претседателот на СДСМ, Венко Филипче според кого, измените ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.
Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Kanal5
СДСМ е консолидиран и подготвен на избори, а тоа што власта најавува предвремени уште сега, значи дека не им оди- ова е одговорот на лидерот на опозициската партија Филипче, на повикот на премиерот Мицкоски за парламентарни избори следната есен. Kanal5
Најостро го осудуваме функционирањето на Собранието по двојни стандарди и имплементирањето на пракси на дејствување согласно индивидуални толкувања на деловникот“,рече Филипче.
Потсетувајќи на седумгодишните политики на владата на СДСМ во кои, како што рече, имало постојан раст на платите и кога минималната плата од 8 000 денари се зголемила на сегашните 22 567 денари, Филипче порача дека граѓаните очекуваат одговорни политики и мерки кои ќе резултираат со реални ефекти. Libertas
Најостро го осудуваме функционирањето на Собранието по двојни стандарди и имплементирањето на пракси на делување согласно индивидуални толкувања на деловникот“, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција.
Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и подобрување на животниот стандард на работниците. Nezavisen
Во исто време прифати други закони поднесени на од ВМРО-ДПМНЕ без фискални импликации.
Најостро го осудуваме функционирањето на Собранието по двојни стандарди и имплементирањето на пракси на делување согласно индивидуални толкувања на деловникот. Libertas
СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. Skopjeinfo
Прашан за неговото патување во Дубаи, Филипче рече дека не сака да коментира работи од неговиот приватен живот.
Во однос на претседателката на ЛДП и пратеничката Моника Зајкова, Филипче одговори дека таа присуствува на координациите на пратеничката група, а денеска е отсутна затоа што е на службено патување во САД. Nezavisen
„Ова не е време за празни зборови, туку за храбри и одговорни политики кои ќе обезбедат видливи резултати.
Граѓаните заслужуваат Влада која се грижи и работи во интерес на граѓаните. Press24
Укинување на пет отсто данок на додадена вредност на основните прехранбени производи, со што месечно би се штеделе од 1 200 до 2 000 денари предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го поднесе во Собранието. 360stepeni
Претседателот на СДСМ денеска го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека измислувал лажни приказни затоа што не можел да се справи со водењето на државата.
Одговарајќи на новинарско прашање за наводно следење со дронови на Мицкоски кога бил лидер на опозиција, Филипче на денешната прес-конференција во Собранието рече дека тоа не се единствените измислици од вмровскиот наратив. Nezavisen
Според претседателот на партијата, Венко Филипче, доколку измените бидат прифтени, ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари месечно, наспроти владината мерка која, како што рече, на домаќинствата им заштедила само 57 денари.
На ова реагираше владејачката ВМРО ДПМНЕ. Kanal5
Во однос на информациите што минатата недела беа објавени дека ЛДП ќе излезе од коалицијата со СДСМ, Филипче денеска ги окарактеризира како шпекулации.
Прашан зошто Зајкова ја нема на две прес-конференции што пратеничката група на СДСМ и коалицијата ги имаат во Собранието, Филипче одговори дека таа денеска е на службено патување во САД, но оти доаѓала на координациите на пратеничката група. 360stepeni