Она што е најважно е дека за спроведувањето на Предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски, изјави вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче, повикувајќи ги сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законското решение.
Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговорија дека нема да дадат поддршка на законското решение бидејќи според нив тоа нема да придонесе за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, туку се работи за креирање на дневно-политички теми. Libertas
Од ССМ остануваат на ставот дека при креирање на мерките, Владата треба да го вклучи и синдикатот, а потребни се и поголеми контроли и казни за несовесните трговци.
Податоците на ССМ покажуваат дека на едно четиричлено семејство во октомври му биле потребни минимум 61,249,00 денари за подмирување на основните потреби. Biznisvesti
По завршување на есенската потрошувачка кошничка на крајот на октомври со која со одлука на Владата беше ограничената профитната маржа на 73 основни прехранбени производи, вчера опозициската СДСМ до Собранието достави Предлог измени за укинување на ДДВ-то од пет на нула проценти за сите основни прехранбени производи. Biznisvesti