Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.
Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните, обвини СДСМ.
Подготвени сме да одиме на избори од денеска натаму.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ, со кој, според предлагачот, ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1,200 до 2,000 денари.