Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
7
30.39
21.40
0.85/0.90
7.00
3.35
0.48
661.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 7
7 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 121.8
Best clustering variants
7 0.99/0.01 2 121.8
Nezavisen

Зголемување на гарантирана минимална помош за 10 отсто, на посебниот додаток за 30 проценти, на паричната помош за квадриплегија за 50 отсто, за потполно глуви лица за 20 отсто, на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки хронични заболувања за 30 проценти, како и воведување ново право на парична помош за лицата без горни екстремитети, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

Како што истакна Лимани на настанот Платформа: 100% посветени за тебе – „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“, се предвидува и програма за вработување на најмалку едно лице со попреченост во сите јавни институции, но допрва ќе се утврдува соодносот, дали ќе биде еден спрема 20, 30 или 50. Владата, додаде министерот, планира и посебни програми за лицата со попреченост кои ќе почнат сопствен бизнис, како и програма за вработување деца без родители и родителска грижа по наполнување на 18 години. Nezavisen