Посебниот додаток за деца со посебни потреби ќе се зголеми за 30 отсто, а паричната помош за квадриплегија за 50 отсто, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани на петата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“, со фокус на социјалната и здравствената заштита. Denesen
Зголемување на гарантирана минимална помош за 10 отсто, на посебниот додаток за 30 проценти, на паричната помош за квадриплегија за 50 отсто, за потполно глуви лица за 20 отсто, на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки хронични заболувања за 30 проценти, како и воведување ново право на парична помош за лицата без горни екстремитети, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. Biznisvesti
Тој додаде дека со одделни проекти се опфатени сите категории на лица со попреченост.
Притоа посочи дел од нив како обезбедување на нови 1.500 аудио книги за лицата со оштетен вид, изградба на патеки за слепи лица во сите градови, воведување на избирачки лист на брајово писмо за лицата со оштетен вид, обука на толкувачи на знаковен јазик, поддршка за унификација на знаковен јазик и други. Press24
Зголемување на гарантирана минимална помош за 10 отсто, на посебниот додаток за 30 проценти, на паричната помош за квадриплегија за 50 отсто, за потполно глуви лица за 20 отсто, на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки хронични заболувања за 30 проценти, како и воведување ново право на парична помош за лицата без горни екстремитети, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.
Како што истакна Лимани на настанот Платформа: 100% посветени за тебе – „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“, се предвидува и програма за вработување на најмалку едно лице со попреченост во сите јавни институции, но допрва ќе се утврдува соодносот, дали ќе биде еден спрема 20, 30 или 50. Владата, додаде министерот, планира и посебни програми за лицата со попреченост кои ќе почнат сопствен бизнис, како и програма за вработување деца без родители и родителска грижа по наполнување на 18 години. Biznisvesti
Лимани одговарајќи на прашање за долгите листи на чекање за упис во детските градинки, се осврна на фактот дека во првите 100 дена, беа започнати градежни активности на 2 градинки, а уште две се отворени.
Но го спомна и потпишувањето на договорот за грант со општините, проект на Владата, каде што влегуваат уште две градинки. Nezavisen
Тој се осврна и на пензиските политики на Владата, и враќање на достоинството на пензионерите, кои во првите 100 дена од владата добија линеарно покачување од 2500 денари, а ќе добијат уште едно такво во месец март.
Платформата „100% Посветено за тебе” претставува иницијатива на Владата со цел да се обезбеди транспарентност и отворен дијалог со медиумите и граѓаните и можност да се информираат за активностите на Владата, како и целите и остварувањата на ресорните министерства. Denesen