Nezavisen
Зелената агенда за Западен Балкан е важна како пресвртница за регионот, но и поединечно за земјите, поради можноста што ја нуди за голема координирана трансформација на регионот, истакна денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, на отворањето на конференцијата на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС.
Со ваквата трансформација, ефикасноста на ресурсите, заштитата на природата и климатската акција ќе се постават во центарот на сите економски активности и предизвиците ќе се претворат во можности, рече Меџити, додавајќи дека кластерот 4 се однесува на Зелената агенда и одржливата мобилност, и како таков, овозможува директнен увид во поврзаноста помеѓу секторите, особено секторот енергетика, транспорт и животната средина, каде е опфатено законодавството од секторите врз кои секторот енергетика има директно влијание – квалитетот на воздухот и биодиверзитетот, водните ресурси. Nezavisen