Претпоставувам дека ќе следат поголем број на случаи кои се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата која ни е дадена од нашите меѓународни партнери, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Нагласи дека постојат огромен број на докази во рамки на доказниот материјал прибавен преку оваа апликација којшто се анализира од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Kanal5
Овој конкретен случај е поврзан со двајца полициски службеници во периодот кога ги сториле кривичните дела за кои се товарат.
Тие денеска не се повеќе полициски службеници“, изјави Тошковски во одговор на новинарско прашање дали и на други вработени ќе се прошири истрагата за протекување на информации од МВР кон кланот Грчец. Skopjeinfo
Сега за сега мислам дека е доволно тоа што го кажав вчера, рече Тошковски и додаде дека ќе се проверуваат сертификатите за сите актуелни и поранешни функционери за кои има информација дека дале погрешни податоци.
Прашан дали сертификатите се поврзани со безбедноста на државата, рече дека за тоа не станало збор на седницата на Советот за безбедност како тема која е поврзано со надлежноста на Советот. Press24
Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција.
Претпоставувам дека ќе следат поголем број на случаи кои се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата која ни е дадена од нашите меѓународни партнери, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Republika