Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ја честиташе победата на Донал Трамп споделувајќи фотографија на која се гледа премиерот Христијан Мицкоски заедно со Ричард Гренел, за кој медиумите во САД пишуваат дека е сериозен кандидат за иден државен секретар.
Пред три месеци претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, остварија средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел, соопшти тогаш прес службата на владата. Mk