На попладневната седница на Централниот одбор на СДСМ се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата а беа донесени и неколку одлуки. Press24
Централиот одбор на СДСМ донесе одлука дека на 24 ноември 2024 година ќе се одржи 30-тиот Конгрес на партијата на кој ќе се избре новиот Централен одбор и ќе се разговара за идните политики на партијата.
Како што информира СДСМ, согласно одлуката на Централниот одбор, на 30-тиот Конгрес ќе бидат предложени измени на Статутот на СДСМ со воведување на уште еден организациски секретар и со прецизирање на принципите на родова еднаквост за избор на заменик-претседател на СДСМ. Kanal5
Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача никаков резултат, ја загрозија европската перспектива на земјата и Македонија ја водат во голема неизвесност.
Во однос на внатрепартиските постапки во рамки на СДСМ, Централиот одбор донесе одлука дека на 24 ноември ќе се одржи 30-тиот Конгрес на СДСМ на кој што ќе се избре новиот Централен одбор и ќе се разговара за идните политики на партијата. Nezavisen
Заедничка е оценката дека интензивната работа во изминатиот период води до консолидација на СДСМ, забележано е подобрување на атмосферата во општинските организации и до посетепено враќање на довербата.
СДСМ и во опозиција останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики на власта но и со активностите кои значат грижа за стандардот на граѓаните, преку законски решенија во Собранието, се наведува во партиското соопштение. Kanal5
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера на прес-конференција во одговор на новинарско прашање, изјави дека на Конгрес на 24 ноември СДСМ ќе го избере новиот Централен и Извршен одбор, како и целокупното партиско раководство.
На конгресот, како што најави, ќе се дискутира за идните политики и делување на партијата. Kanal5