Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, доби порака со закана по животот.
Тој информацијата ја објави на својот фејсбук профил посочувајќи дека пораката стигнала по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот. Kanal5
Фетаи, кој е во работна посета на Брисел, во изјавата за МИА додава дека добива пораки од типот „добар Албанец, мртов Албанец, дека „сите Албанци ќе бидат убиени“ и дека „20 отсто никогаш нема да се икине во Уставот“.
„За жал, како што информирав синоќа, по мојата изјава за медиумите заедно со европскиот амбасадор Михаилис Рокас, на мојот мејл примив закана со смрт за еден дел од изјавата која се однесуваше на промена на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот. 360stepeni
Заканата по животот што ја добив на мојот службен мејл е одраз на поларизацијата на нашето општество, бидејќи таа беше упатена по мојата изјава за дефиницијата на албанскиот јазик во Уставот, изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел. Libertas
Пораката од Брисел е многу позитивна дека местото на Македонија е во Европската Унија, како и на целиот регион на Западниот Балкан, но треба да ги завршиме задачите што ги имаме како држава за да ја поминеме оваа фаза и да отвориме нова страница во процесот на зачленување во Европската Унија. изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел на покана на тинк-тенкот „Пријатели на Европа“. Republika
Фетаи порача дека авторот на оваа закана ќе биде идентификуван и ќе добие заслужна казна, согласно законските одредби што се во сила, бидејќи, според него, преку такви закани не смее да се преминува, особено кога, како во овој случај, станува збор закана кон за вицепремиер.
„Ова го покажува нивото на нашето општество. Mk
Фетаи, за време на официјалната посета во Брисел, денеска се сретна со шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) со седиште во Брисел, Маријакармен Колити, со која имаше многу продуктивен разговор.
На средбата беше потврдена подготвеноста на УНОПС да даде постојана поддршка на Македонија во евроинтеграцискиот процес. Kanal5