Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посета на Штип, одговарајќи на новинарски прашања.
Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји-членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиеорт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија, оцени Николоски. Kanal5
Мицкоски вчера на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, остварил средба со шефот на француската држава Макрон.
Мицкоски по средбата објави дека со Макрон отворено разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Republika
На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук. Plusinfo
Нашето место е во рамките на ЕУ. После овој состанок на Европската политичка заедница, овде во Будимпешта, уште повеќе сум оптимист дека мора да не биде и ќе не биде.
Тоа што е важно, е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, изјави Мицкоски. Republika
Одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија е една од темите за која разговарале премиерот Христијан Мицкоски и францускиот претседател Емануел Макрон на средба што денеска се одржала на маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта. 360stepeni
Од маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски во изјава вели „после овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде“. Mk
„Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека, не подоцна од март 2025 година, таму ќе има избори“. Plusinfo
Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји-членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиерот Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија, оцени Николоски.
Тој рече дека нема информации дали на самитот во Будимпешта дошло до средба меѓу премиерот Мицкоски и бугарскиот претседател Румен Радев. Mk
Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО. Press24
Меѓудругото, Мицкоски преку видео-обраќање, информираше дека во Будимпешта остварил неколку билатерални средби, на кои биле презентирани аргументи за тоа како владата ја гледа економската иднина и како планира да ја развива државата.
Исто така, Мицкоски рече дека на средбите што ги имале со дел од европските политичари, биле презентирани и погледите и аргументите за евроинтегративниот пат на земјата. 360stepeni
Премиерот Христијан Мицкоски вчера, на маргините на 5. Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, се сретнал со францускиот претседател Емануел Макрон.
Како што информираа од Елисејската палата, Мицкоски и Макрон се согласиле за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Северна Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот. 360stepeni
На официјалната страница на францускиот претседател нема информација за оваа средба на маргините (што не е невообичаено), но го има текстот на заедничката декларација за поддршка на Молдавија.
Во декларацијата се вели: „Ние, лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Романија, Обединетото Кралство, придружувани од претседателот на Европскиот совет и од претседателката на Европската комисија, ја повторуваме нашата непоколеблива поддршка за Молдавија по состанокот на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта со претседателката Маја Санду. Nezavisen
Денеска, за време на сослушувањето во Европскиот парламент, новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос, рече: „Очекуваме земјата кандидат Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку“.
Кос истакна дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот, додавајќи дека во процесот на пристапување на ЕУ мора да се почитуваат владеењето на правото, човековите права и правата на припадниците на малцинствата. Nezavisen