Од ДУИ велат дека „Вреди“ не ги интересира ниту Европа ниту владеењето на правото ниту реформите, туку само „партизацијата на судството и институциите за да им служи на нивните коруптивни апетити“.
Оттаму велат дека веќе ги алармирале пратениците, граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница за начинот на размислување на челниците на „Вреди“ да ги партизираат судството и обвинителството со партиски експоненти. 360stepeni
Двата партиски предлози на „Вреди“ за членови на Советот на јавните обвинители не ги исполнуваат условите, се вели и во денешната реакција на Демократската унија за интеграција (ДУИ). Од ДУИ го осудуваат отворениот обид на „Вреди“ да ги измами граѓаните и пратениците со партиски кандидати за членови на Советот на обвинители. Fokus