Тој ги спомена проектите за модернизација како набавката на лесните оклопни возила JLTV и Stryker, системот за против-воздушна одбрана Mistral 3, артилериската опрема, одржувањето на постојната хеликоптерска флота и набавката на нови хеликоптери за Армијата.
Министерот се осврна и на вработените во Армијата и одбраната за кои рече дека „се професионалци кои ги водат најсериозните процеси во државата, додека истовремено тие се првите кои излегуваат на терен во поддршка на секој македонски граѓанин“. Press24
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (11 ноември) на научно – стручната трибина во Домот на Армијата посветена на функционалноста на одбранбено – заштитниот систем ги потврди трите главни цели за одбраната – интензивирање на реформската агенда, вклучувајќи ја и модернизацијата на Армијата, целосно почитување на обврските на Министерството кон своите вработени и припадниците на Армијата и стабилното буџетирање на одбраната како основа за развој. Mk
Реализираме навистина значајни проекти со кои новата, модерна, софистицирана опрема согласно највисоките стандарди на НАТО станува и наша реалност, рекол Мисајловски.
Тој ги споменал проектите за модернизација како набавката на лесните оклопни возила JLTV и Stryker, системот за противвоздушна одбрана Mistral 3, артилериската опрема, одржувањето на постојната хеликоптерска флота и набавката на нови хеликоптери за Армијата. Biznisvesti
Најави дека и во 2025 година одбранбениот буџет ќе расте, односно да изнесува над 2 проценти од бруто-домашниот производ.
Тоа, истакна министерот, значи реализација на сите зацртани планови за развој. Netpress
Научно стручната трибина е организиран од Клубот на генерали во кој членуваат 35 активни и пензионирани генерали со значително искуство стекнато преку повеќе децениска работа во одбранбениот систем.
Говорници на трибината беа еминентни професори и експерти во безбедносната сфера. Press24