Реализираме навистина значајни проекти со кои новата, модерна, софистицирана опрема согласно највисоките стандарди на НАТО станува и наша реалност, рекол Мисајловски.
Тој ги споменал проектите за модернизација како набавката на лесните оклопни возила JLTV и Stryker, системот за противвоздушна одбрана Mistral 3, артилериската опрема, одржувањето на постојната хеликоптерска флота и набавката на нови хеликоптери за Армијата. Denesen
Тој ги спомена проектите за модернизација како набавката на лесните оклопни возила JLTV и Stryker, системот за против-воздушна одбрана Mistral 3, артилериската опрема, одржувањето на постојната хеликоптерска флота и набавката на нови хеликоптери за Армијата.
Министерот се осврна и на вработените во Армијата и одбраната за кои рече дека „се професионалци кои ги водат најсериозните процеси во државата, додека истовремено тие се првите кои излегуваат на терен во поддршка на секој македонски граѓанин“. Press24
Тоа, истакна министерот, значи реализација на сите зацртани планови за развој.
Во однос на реформата на системот за заштита и спасување, министерот Мисајловски порача дека одбраната е подготвена да даде целосна поддршка во овие реформи зашто „не постои позначајно нешто од сигурноста на нашите граѓани“. Mk
Впрочем, огнените стихии со кои се соочивме изминатото лето беа доволен доказ дека нешто мораме да менуваме, и тоа сега, и веднаш.
Да ги детектираме слабостите на системот и заеднички да покажеме дека знаеме да ги ставиме потребите на секој еден граѓанин на прво место, потенцирал министерот. Biznisvesti
Научно стручната трибина е организиран од Клубот на генерали во кој членуваат 35 активни и пензионирани генерали со значително искуство стекнато преку повеќе децениска работа во одбранбениот систем.
Говорници на трибината беа еминентни професори и експерти во безбедносната сфера. Mk