Инсталациите на СДСМ и на ДУИ во правосудството се жилави, а борбата со нив ќе биде жестока и ни малку лесна, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Прилеп, прашан за коментар на одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата. Nezavisen
Тие инсталации се жилави.
Малкумина се, не се многу во судството и обвинителството кои се слепи послушници на СДСМ и на ДУИ и можам да кажам дека на крајот ќе победиме, а тие ќе бидат поразени. Plusinfo
Според Мицкоски, во изминатите пет месеци од владеењето на новата Влада, често се случува некои од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки и температура, во момент кога треба да се преземе акција против криминалци кои биле симбол на, како што вели, минато седумгодишно владеење кое не треба да се повтори.
Не верувам дека оваа борба ќе биде кратка, ќе биде долга и исцрпувачка. Denesen