СДС и ДУИ на здравството гледале како на поле за испумпување на пари.
ДЗР констатирал нерегуларности во финансиското работење и на Клиниката за очни болести во време на СДС и ДУИ, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Крахот на македонското здравство под раководство на СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување на термини, егзодус на лекарите и не постоење на систем на квалитетни здравствени услуги“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал.