Ја разбирам еврокомесарката, таа требаше да го помине „хирингот“ на кој требаше да гласаат и европратеници од нашиот источен сосед и тоа е во рамките на таа димензија.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посета на Штип, одговарајќи на новинарски прашања.
Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, но во согласност со меѓународно преземените обврски – ова е пораката која како што е објавено од Елисејската палата, францускиот претседател Емануел Макрон ја пренел на премиерот Мицкоски на состанокот кој двајцата го имаа на маргините на самитот на Европската политичка заедница.
Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО.