Целосно ќе ги усогласиме нашите политики со оние на нашите стратешки сојузници, НАТО, Европската Унија, Соединетите Американски Држави, како и со пријателските земји на регионално ниво“, Со усвојувањето на декларацијата делегатите на партијата, како што стои, ја потврдуваат силната поддршка за праведната борба на украинскиот народ наспроти агресијата без преседан на Руската Федерација, која сериозно го крши меѓународното право и принципите на Повелбата на ОН. Лидерот на ова крило од Алијанса на Албанците, Арбен Таравари околу поделбата на партијата и во исчекување на правната разврска, пред почетокот на Конгресот рече дека очекува судска одлука во корист на членовите кои се мнозинство. 360stepeni