Како што рече, во текот на зимата има помали концентрации внатре, но во текот на летото концентрациите на штетни честички се повисоки внатре отколку во надворешниот воздух.
Во просек, ги надминуваме препораките на СЗО скоро за двапати, така што неопходно е да се преземат мерки коишто би направиле условите во училиштата и во градинките да бидат и здрави и безбедни за децата и за наставниците. Republika
Истражување за квалитетот на воздухот во јавните училишта и градинки спроведено во пет општини (Гостивар, Струга, Куманово, Струмица и Кавадарци) покажало дека сличен е проблемот како и со амбиентниот воздух бидејќи е надминат дозволениот лимит на суспендирани цврсти честички, но другите загадувачи, како гасови и биоаеросоли, биле во прифатливи граници. Novamakedonija
Според министерката за образование и наука Весна Јаневска, квалитетот на воздухот е од исклучително значење, особено во училиштата затоа што, рече, влијае на психофизичкиот развој на учениците, на нивните способности да размислуваат, да се сконцентрираат, да бидат креативни, но исто така влијае и врз наставниците.
Државата мора да работи на подобрување на условите за живеење и работење во целата околина, но секако интензивно и во училиштата. Republika