СДСМ е силен коректор на погрешните политики на актуелната власт, а внатрешно ја завршува првата фаза од процесот на консолидација со избор на нови делегати, претседатели на општински организации и подготовките за Конгресот на партијата. Denesen
Ова го изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на регионалната средба во Струга со општинските организации од тој регион.
„Задоволен сум од изборот на новите раководства и претседатели на општински организации. Mk
Силно верувам дека со искрен пристап, нови модерни социјалдемократски политики и многу приземност можеме да ја вратиме поддршката“ – им порача Филипче на сопартијците.
Тој истакна дека на 24 ноември се одржува 30 конгрес на СДСМ на кој покрај избор на новото раководство ќе се дефинираат и новите политики на СДСМ. Denesen