Палестинското Министерство за образование со седиште во Рамала вчера соопшти дека израелската армија од 7 октомври 2023 година во Појасот Газа и на Западниот Брег убила повеќе од 12.000 и ранила 19.000 палестински ученици и студенти. Libertas
Исто така, 126 државни училишта и 65 училишта кои припаѓаат на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) биле цел на бомбашки и вандалски напади.
Според Министерството, 91 училиште и седум универзитети на Западниот Брег биле изложени на упади и вандализам. Libertas
Меѓу персоналот на универзитетите, 117 загинале, а 1.221 биле ранети.
На Западниот брег, според Министерството, загинале тројца членови на наставниот кадар, 17 се ранети, а 144 се уапсени, додека деветмина од универзитетскиот персонал биле уапсени. Nezavisen