Но, наместо тоа, добивме документ без визија и креативност, кој е нереален, неразвоен и недомаќински, со цел да ги задоволи само предизборните активности.
Овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и уште една изгубена година за економијата и за граѓаните, истакна на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Netpress
Според амандманите, СДСМ предлага одвојување на 3.500.000.000 денари од Буџетот за следната година за зголемување на платите во јавниот сектор.
Со амандман којшто се однесува на образованието, СДСМ предлага издвојување на 996.406.000 денари за зголемување на платите на наставниците од основно и средно образование. Republika
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува сериозна загриженост поради одлуката на Владата граѓаните да ги плаќаат каматите за кредитите кои ќе се пласираат на компаниите. A1on
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Libertas
Да ја цитираме тогашната опозиционерка денес министерка за финансии: „Имено, доколку го замислиме буџетот како 1000 денари, владата од него дава 127 денари за плати на јавната администрација, 86 денари за набавка на стоки и разни услуги, 656 денари одат за сите трансфери кои ги спроведува владата, 38 денари се даваат за камати, а само 23 денари за капитални инвестиции”, рече Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ”.
Е денеска, вие самата предлагате покачување на 19% на буџетот за стоки и услуги, од 58, на 72 милиони! Libertas
Петровска – Злоупотребувајќи го мнозинството тие денес спречија одржување на седница и расправа за прашањата чии одговори ги чека цела јавноста, и домашната и меѓународната.
Ова денешно однесување на власта покажува само едно, тиранија на мнозинството и целосно отсуство на демократски капацитет за владеење на правото. A1on
Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.
Пратениците на СДСМ го оспоруваат именувањето на директорот на АНБ Бојан Христовски. Novamakedonija
Проследете ја прес конференцијата на претседателот на СДСМ Венко Филипче за Предлог-буџетот:. Nezavisen
Според амандманите, СДСМ предлага одвојување на 3,5 милијарди денари од Буџетот за следната година за зголемување на платите во јавниот сектор.
Со амандман којшто се однесува на образованието, СДСМ предлага издвојување на 996, 4 милиони денари за зголемување на платите на наставниците од основно и средно образование. Plusinfo