Со високиот буџетски дефицит, јавниот долг се зголемува на над 60 отсто од БДП, што на крајот на оваа година се предвидува да биде 62,7 отсто од БДП и уште поголем на крајот на 2025 година“, Го поздравуваме фактот, вели Ахмети, што во предлог-буџетот за 2025 година е нагласено дека најголем придонес во растот за 2025 година се очекува да имаат бруто-инвестициите со пораст од 8,1 отсто, главно како резултат на интензивирањето на реализација на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, главно автопатиштата во Коридорите 8 и 10, проекти кои од сите партнери на оваа власт беа повеќе од критикувани дури и од албанските партнери без легитимитет. 360stepeni