Соопштението на ДУИ се однесува на мојата вчерашна изјава дека обвинители кога ќе треба да реализираат акција против криминалци кои што беа дел во претходните 7 години власт, тие тогаш добиваат стомачен вирус, температура, настинка…Поентата е работата да се заврши во истиот ден.
Претпоставувам затоа се вознемирени бидејќи тие се навикнати на обвинителите да им седат на глава. A1on
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, се закани со масовна реакција на Албанците доколку Уставниот суд донесе одлука да го промени или укине Законот за употреба на јазиците.
Ахмети изјави дека „ако се допре албанскиот јазик, сите Албанци ќе се кренат на нозе“. Faktor
„Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите достигнувања на Албанците пред очите на прекршителите на волјата на Албанците од ВЛЕН.
Но, лидерот Али Ахмети ги увери членовите, симпатизерите и граѓаните дека по никоја цена нема да толерираат уништување на достигнувањата постигнати со многу жртви“, се вели со соопштението на ДУИ. Libertas