Јаневска укажа дека оптимизацијата на мрежата на училишта многу внимателно се реализира, во соработка со сите релевантни чинители, за да се обезбеди дека учениците добиваат најдобри можни услови за образование, наставници полн ангажман, а локалните заедници правична и ефикасна распределба на буџетски средства.
Заблагодарувајќи се на локалните самоуправи за добрата соработка, Јаневска им посака успешна работа на новата група општини кои почнуваат со изработка на плановите за оптимизација, упатувајќи ги да ги користат искуствата на општините што веќе ја завршиле, но и на редовна комуникација со Министерството за образование и наука, кое е тука за поддршка. Nezavisen