Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра.
Во Собранието денеска е закажана седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред – Информација за незаконското именување на директор на Агенцијата за национална безбедност поднесена од пратеници од опозициската СДСМ.
ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ, изјави пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Со однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Комисијата за надзор над Агенцијата за разузнавање и на Агенцијата за национална безбедност јасно е дека власта е свесна дека Бојан Христовски е незаконско поставен за директор на АНБ.