Само силна демографија, економски силно развиена држава и одбрана на она што на маса е изгубено изминативе седум години, може да нѐ однесе онаму каде што треба да бидеме и каде што како народ целиме да бидеме, нагласи тој.
Директорот на Институтот за национална историја – Скопје, Панов рече дека АСНОМ обврзува да ја продолжиме заветта на Илинденците и да не отстапиме од традициите и историското наследство, на што тие се повикувале градејќи ја државата. Republika
Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ. Republika
... На научниот собир насловен Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот се обрати и првиот човек на МАНУ кој порача дека АСНОМ е темел на современата македонска држава која го потврди тоа пред 3 децении кога се осамостои.
Академик Попов се осврна и на евроинтеграциите и скептицизмот кој е резултат на лошите политики во минатото. Sitel
Само обединети, со силна економија и демографија и одбрана на она што е изгубено на маса преку порази и капитуалции во изминатите 7 години ќе можеме да стигнеме онаму каде што сакаме да бидеме како држава. Kanal5
Така што, АСНОМ, со донесените решенија, Македонија ја означува како македонска национална држава која е граѓанска по својата организација.
Основите на македонската држава како и задачите што треба да се преземат за нивното остварување се поставени во рефератите, на Панко Брашнаров, на Првото заседание на АСНОМ, и на Емануел Чучков, на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Denesen