АД ЕСМ информира дека е завршено поставувањето на новите топловодни цевки под мостот „Беласица“ и дека топловодот набргу ќе биде пуштен во функција за испорака на топлинска енергија. Skopjeinfo
Во завршната фаза, новоизградениот топловод ќе се поврзе со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија, па за време на поврзувањето и ставањето во функција, можно е привремено прилагодување на квалитетот на испораката во попладневните часови за мал дел од корисниците.
„Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и АД ЕСМ брзо и ефикасно ги надминаа сите предизвици, преземајќи ургентни мерки и плански активности за надминување на пречките што го забавија зафатот. Plusinfo