Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, по вчерашното овластување на Седницата на Владата на Република Северна Македонија, денеска го потпиша барањето за претфинансирање од 7 проценти во рамките на Реформската Агенда на земјата, информираат од Министерството за европски прашања. Civilmedia
Оваа финансиска програма, со вредност од шест милијарди евра, ги опфаќа годините 2024-2027 и има за цел двојно да го зголеми економскиот раст на регионот во наредните десет години.
Министерството за европски прашања останува посветено на ефикасното искористување на достапните средства за поддршка на европските интеграции и економскиот развој на земјата. Republika