Седум амбасадори се отповикани од функцијата со укази на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, кои се објавени вчера во Службен весник.
Како што може да се види од објавените укази, станува збор за повлекување на амбасадорите на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески, на Данчо Марковски од Албанија, на Фатон Бејта од Данска, на Сали Лимани од Казахстан и од Катар на амбасадорот Шабан Јашари. Press24
Објавените укази во Службен весник, а донесени од претседателката Гордана Сиљановска Давкова се дел од стандардната законска процедура со која се констатира завршувањето на мандатот по навршени 4 години од упатувањето согласно член 44 од Законот за Надворешни работи, соопшти претседателскиот Кабинет, во врска со указите за отповикување на седум амбасадори. Press24