Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
30
40.57
31.49
7.67/3.78
30.00
12.06
0.40
2851.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 30
59 ■ 0.99/0.01 ■ 4 ■ 976.5
Best clustering variants
59 0.99/0.01 4 976.5
18:47 h 19-Nov-2024
  • „Искажав многу јасна оцена и уште еднаш подетално ја запознав г-ѓа Сиљановска Давкова со Преговарачката рамка и општиот европски консензус од јуни 2022 година, прифатен и со согласност на тогашната влада на Северна Македонија.
  • ◉ НЕ САМО УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ТУКУ И ВТОРИОТ ПРОТОКОЛ Радев пак јасно кажа кои се условите Македонија да ги почне преговорите со ЕУ
21:34 h 18-Nov-2024
  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека излезното соломонско решение за спорот со Бугарија е решението со одложено дејство.
  • Сиљановска Давкова: Соломонско решение е она со одложено дејство
10:00 h 14-Nov-2024
  • Во услови кога премиерот Мицкоски нема партнер кај бугарската страна, бидејќи сосема е неизвесно дали Бојко Борисов ќе состави влада, сѐ појасно станува дека претседателите на двете држави ги затоплуваат односите, ја зајакнуваат меѓусебната доверба (по неодамнешната случка во Софија) и се обидуваат да создадат поволна клима за дијалог и деблокирање на македонскиот пат кон ЕУ. Во тој процес се разбиструва и поддршката од некои членки на Унијата Ова е месец кога се зборува за климатските промени на највисоко ниво во рамките на самитот на ОН, КОП 29, па затоа ќе се послужиме со речникот на метеоролозите – во Баку, Азербејџан, е разведрено, во Софија уште има темни облаци, додека во Скопје политичката клима во однос кон Бугарија е стабилизирана.
  • И ние имаме свој софистициран дипломатски булдожер
Novamakedonija

Истото она што ние го правиме со нашите стратешки партнери му е предочено на господинот Радев и очекувам дека навистина ќе бидеме добри соседи и дека ова е навистина двонасочна улица и дека навистина до крајот на оваа година ќе можеме и ние да продолжиме со нашиот процес на достоинствен начин – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО). Силјановска Давкова вчера оствари средба со Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан.

Во разговорот кој, како што информираат од Кабинетот на претседателката, траел еден час и се одвивал во конструктивна атмосфера, било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес. Novamakedonija

Libertas

Гордана Сиљановска-Давкова, како добар правник, многу добро знае дека обврските преземени со меѓународни договори едноставно мора да се почитуваат, изјавил денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, коментирајќи ја вчерашната изјава на македонската претседателка дека излезното, соломонско решение за спорот со Бугарија се уставни измени со одложено дејство, пренесе бугарската агенција . Радев, како што јавува агенцијата, го демантирал тврдењето на македонската претседателката дека на нивната средба во Баку тој не го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство.

„Искажав многу јасна оценка и уште еднаш подетално ја запознав г-ѓа Сиљановска со преговарачката рамка и општиот европски консензус од јуни 2022 година, прифатен и со согласност на тогашната Влада на Северна Македонија. Libertas