Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека излезното соломонско решение за спорот со Бугарија е решението со одложено дејство.
Гордана Сиљановска-Давкова, како добар правник, многу добро знае дека обврските преземени со меѓународни договори едноставно мора да се почитуваат, изјавил денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, коментирајќи ја вчерашната изјава на македонската претседателка дека излезното, соломонско решение за спорот со Бугарија се уставни измени со одложено дејство, пренесе бугарската агенција . Радев, како што јавува агенцијата, го демантирал тврдењето на македонската претседателката дека на нивната средба во Баку тој не го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство.
Бугарскиот претседател Румен Радев ја демантира македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.
Очекувам дека навистина ќе бидеме добри соседи и дека до крајот на оваа година ќе можеме и да го продолжиме нашиот процес на достоинствен начин, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев, која се одржа вчера во Баку.