Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина. Republika
По завршување на меѓувладината седница, ќе се потпишат билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области.
Воедно, во 13:45 часот заедничка прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Мицкоски и претседателот на Владата на Република Косово, Курти. Sitel
Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија Владата на Косово попладнево одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија, а во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на ксовскиот премиер, Албин Курти се наведува дека е усвоена иницијатива за склучување на „Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Македонија за заедничките гранични премини Генерал Јанковиќ - Блаце и Глобочица - Јажинце“. Kanal5
Воедно, во 13:45 часот заедничка прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Македонија Мицкоски и претседателот на Владата на Република Косово, Курти.
Владата на Косово, во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи во Приштина, вчера одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија. Denesen
Во Приштина денеска ќе се одржи заедничка седница на владите на Македонија и Косово, на која ќе бидат потпишани неколку меѓудржавни договори. Libertas
Според соопштението, усвоена е и иницијативата, за „потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за економија на Република Косово и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, во секторот енергетика во согласност со нивните политики и стратегии“.
Првата заедничка седница на владите на Македонија и на Косово беше одржана во Скопје на 16 септември 2021 година. Kanal5