Овој систем ќе го скрати времето на чекање на границите и ќе придонесе за подобро поврзување и олеснување на движењето помеѓу нашите две земји, истакна министерот Тошковски.
Министерот Тошковски во рамките на седницата имаше можност да оствари разговор со министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла на кој се разговараше за наредните конкретни чекори потребни за имплементација на „One Stop Shop“ на овие гранични премини. Republika
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на заедничката меѓувладина седница со Владата на Република Косово која се одржа во Приштина.
На оваа седница се потпиша протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини Блаце – Елез Хан и Јажинце – Глобочица. Skopjeinfo