„Уставниот суд не го оспорува албанскиот јазик затоа што нема закон за албанскиот јазик.
Уставниот суд, на барање на Владата на СДСМ-ДУИ, има побарано мислење од Венецијанската комисија и тие дале забелешки за три члена од тој Закон за употреба на јазиците во Република Северна Македонија, а тоа се само за тие три члена. 360stepeni
Во Северна Македонија не постои закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити по денешната меѓувладина седница во Приштина.
Тој додаде и дека во подготовка е посебен закон за соодветна застапеност на Албанците во институциите. 360stepeni
Прво, ќе се поврзам со одговорот на премиерот Курти кој рече дека во Македонија не постоел Закон за албанскиот јазик, па сега тој сега се укинува или прекршува.
И второ, не се оспорува од Владата на Република Северна Македонија, туку има иницијатива во Уставниот суд каде деветте судии избрани од Владата на СДСМ-ДУИ и проблемот го прават тие судии на Уставен суд со мандат од минатото мнозинство. Plusinfo
Вчера косовскиот премиер Албин Курти, во одговор на новинарско прашање на прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Приштина, за можноста за загрозување на албанскиот јазик во Северна Македонија, рече дека треба да се почека одлуката на Уставниот суд.
Ова прашање е на Уставниот суд во Северна Македонија. Biznisvesti
Во Уставот на Северна Македонија, службен јазик е македонскиот јазик, и јазикот кој го зборуваат повеќе од 20 проценти од населението.
Во законот е вклучен и албанскиот јазик. Plusinfo