Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон.
Имено, сите постапки за јавни набавки на стоки и услуги со вредност над 500.000 евра, се предмет на управна контрола согласно со членот 172 став 3 од Законот за јавни набавки, без оглед на тоа кој договорен орган ги спроведува, стои во Известувањето од Бирото за јавни набавки во однос на набавката на гориво на ЈСП-Скопје. Republika
Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон, соопштија од Бирото за јавни набавки. Fokus
Дел од партиите излегоа со предлози како да се надмине проблемот со јавниот превоз, а дел бараат оставка од градоначалничката Данела Арсовска.
Од Град Скопје одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите, додека од Бирото за јавни набавки информираат дека ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Nezavisen
Лидерот на партијата Венко Филипче преку соопштение предупреди дека состојбата во Скопје и оти градо е во криза.
Иницирана е итна седница на Советот на Град Скопје за да се изнајдат конкретни мерки за излез од кризата. Plusinfo
Од државното Јавно обвинителство денеска соопштија дека ги следат сите информации во врска со јавниот превоз во Скопје и дека веќе се дадени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП. Skopjeinfo
Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, ги повика сите жители на протест, во петок, 22 ноември.
Со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ, а во спротивно најавија дека ќе се приклучат на протест најавен од градоначалникот на Шуто Оризари. Sitel
Од Основното јавно обвинителство Скопје попладнево информираа дека ги следат сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на нафта за потребите на ЈСП. Libertas
Проблемот со јавниот превоз клуминираше вчера кога поради недостиг на гориво, најголем дел од автобусите беа паркирани во базите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров. во изјави за МИА потврдија дека состојбата е алармантна.
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески за денеска попладне закажа вонредна седница на која треба да се расправа за нефункционирањето на јавниот превоз во градот. Faktor
Од Град Скопје одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлаат на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите.
Од Бирото за јавни набавки денеска ги отфрлија ставовите во соопштението од Град Скопје како непримерни и непрофесионални нагласувајќи дека ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Faktor
Бирото за јавни набавки одговори на приозивките дека зад запирањето на набавката на дизел за автобусите стои сценариот на ВМРО-ДПМНЕ. Nezavisen