На пример се планира раст од 13,1% на приходи од данок на личен доход во 2025 во однос на планираните од минатата година, тоа тешко да се оствари во отсуство на овогодинешна даночна реформа затоа што слушнавме дека ќе имаме одреден напредок во 2026 година и во услови на инфлација и забавен раст на платите, рече Лукаревска, додавајќи дека покрај ова има и даночни приходи, кои се планирани да растат уште и посериозно, како и раст на БДП од 3,7% во 2025, што исто така не го зема предвид забавувањето на економијата во еврозоната, посебно во Германија. Libertas