„Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска, следниот заменик генерален секретар на НАТО и на Христијан Мицкоски и владата за застапување на нејзината кандидатура.
Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер. Kanal5
Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО.
На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот, напиша Сиљановска Давкова. Sitel
Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ честита на Радмила Шекеринска за новата функција заменик-генерална секретарка на НАТО. Fokus
СООПШТЕНИЕ: Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик Генерален секретар на НАТО Алијансата. Biznisvesti
Советот на амбасадори на С Македонија денеска го поздрави изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Libertas
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека и’ се јавил на Радмила Шекеринска и и’ го честитал именувањето за заменик генерален-секретар на НАТО. Denesen
Да не е тоа малце многу.
И да и не… Вчера пишував за значењето на ова несомнено историско достигнување на еден македонски политичар на меѓународен план и посебно за значењето на фактот што владата на Христијан Мицкоски ја поддржала кандидатурата на Шекеринска. Plusinfo