Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска.
Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО. Fokus
На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот.
Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, објави Претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Republika