Премиерот Христијан Мицкоски, по 24 часовен молк, соопшти дека и се јавил на Радмила Шекеринска и го честитал именувањето за заменик генерален секретар на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка.
Радмила Шекеринска во објава на социјалната платформа Х напиша дека ќе и биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте.
САД ја поздравија изборот на Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО, истакнувајќи дека тоа покажува дека сите 32 сојузници имаат важна улога во иднината на Алијансата, без оглед на времето на нивното пристапување, пишува Според портпаролот на Стејт департментот, изборот на Шекеринска нагласува дека секоја земја во НАТО обезбедува суштинско лидерство.