Началникот на управата за воено здравство, кардиологот Драган Динчиќ изјави дека здравствената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, дека ќе ја напушти Воено-медицинската академија за еден час и дека не е реално да се врати на редовните активности во следните неколку дена.
Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош.
На претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му се слошило во текот на посетата на САД, по што побарал лекарска помош.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, неофицијално дознава белградски Телеграф.