Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за национален координатор за спроведување на Реформската агенда со заклучок усвоен на денешната седница на Владата на Република Северна Македонија.
На Седницата, исто така, беше утврден предлог – Моделот за формирање на структура за спроведување на Инструментот за реформи и раст, кој произлегува од Регулативата на ЕУ 2024/1449 за воспоставување на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со која пак се дефинира Реформската агенда на Северна Македонија, како и од нацрт-Договорот за инструментот за реформи и раст и нацрт-Договорот за заем, информираат од Владата. Biznisvesti
На денешната седница на Владата на Република Македонија беше усвоен заклучок со кој министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, е назначен за национален координатор за спроведување на реформската агенда. Republika