По повод Светски ден на детето, во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Македонија денеска во свечена сала се одржа владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите разговарале за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека денеска ги имал најважните соговорници од неговото неколкумесечно претседателствување со Владата, тоа се децата. Novamakedonija